речник контакт

,,Бомбата,, на Заев е со фитил од пролетните избори?

Трибина на опозицијата во Велес

Петар Печков

Комплетната лидерска  опозиција  на средба, трибина со граѓаните во Велес, каде меѓу редови   ја најавија  ,,бомбата,, која наскоро ќе ја објават. Од обраќањето на лидерите на СДСМ Заев, на ЛДП Жерновски и на  НСДП Петковски, се насетува дека тоа ќе биде изборниот процес.  Претседателот на најголемата опозициона партија, СДСМ  сега вонпарламентарна, Зоран Заев  рече дека никој нема право да ја сокрие вистината од народот.    

Зачетокот на нашата борба, ова што сега се случува е одлуката што отидовме на избори   и за потоа да ги бојкотираме. Знаевме како владејачката гарнитура ги злоупотребува државните ресурси и институции.  Ако ние не отидовме на избори, во парламентот ќе влезеа ,,стевчевци,, и ,,бучковци,,  и тие ќе беа фингирана опозиција.  Ако не отидовме на избори како денес ќе соопштувавме дека имаме корпус на аргументи и докази кај нас.  Благодарејќи на тие избори, ги систематизиравме сите гнасотии на власта. Тоа не е ново, а ние  ќе го докажеме во наредниот период, како безобразно власта ги злоупотребува сите инструменти, механизми и позиции само да остане на позиција.  Во Парламентот не се враќаме се додека не ја нормализираме состојбата во земјава.  Колку досега аргументи извадивме на виделина, но ништо од тоа не се процесиура.  Во спрега на МВР, Обвинителството, судовите, се бараше начин да се  отфрлаат а судот донесуваше срамни пресуди, медиумите молчеа. Но од ова се покажа дека судство во земјава не постои. Затоа наша обврска е со  наскоро понудените докази и аргументи  да  успееме - порача Заев од трибината во Велес.  

Тој го даде и неговиот одговор  на прашањето зошто нема попис во Македонија. ,,Бројките ќе покажат дека во Македонија не се 2,1 милиони жители, туку околу 1,65 милиони. Е од нив кога ќе ја пресметате  невработеност не е 29 туку 41 отсто. Ќе се дознае колку млади се иселиле. Затоа власта не сака попис да не се дознаат овие факти,, .  Заев зборуваше и за образовниот процес и екстерното полагање. 

Екстерното полагање е проблем за сите во државата, децата малку знаење добиваат, тие  се оптоварени згора и без детски живот, родителите уште повеќе, наставниот кадар стана административец. И со проблемите кои Владата  ги создаде, со дисперзирани факултети, со штанцање дипломи на приватните универзитети заради профит, власта се коригира со добиените лоши  резултати од студирањето.  

Завршените студенти имаат помалку знаење, кое стопанското малку го валоризира, па решија со воведување  екстерно, па државен, па не е за сегашните туку за идните генерации. Екстерно ќе има, ама за Груевски кој ќе добие единица.    Во здравство  прашање е зошто пациентите бегаат во приватните клиники, затоа што не веруваат во јавното здравство. Прво беа криви лекарите, сега пациентите се криви а таму се се случува, само не подобри услуги. Од  културата, тоа денес е археологија, барок, споменици. Нема креации на претстави, од уметници. По што идните генерации ќе ги помнат овие години, по која претстава, дело - заврши Заев.  

На трибината беше присутен и лидерот на ЛДП Андреј Жерновски кој праша  ,,зошто  власта сака да покаже колку е способна па  нуди дека ги фатила тие што фалсификуваа на гласањето за Песна за Евровизија а не успеаја да ги најдат  тие од Пустец што гласаа за фалсификување на изборите,,.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »